4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБрилијантна победа на Педроса во Мизано

Брилијантна победа на Педроса во Мизано

мизано

Дани Педроса од Репсол Хонда победи на трката за Големата награда на Сан Марино. Шпанецот до првата победа сезонава, вкупно 52-ра во кариерата стигна со време 43:43.524 минути.

Педроса на патеката „Марко Симончели“, веројатно ја возеше најдобрата трка во кариерата, тој стартуваше од осмата позиција, а на патот до триумфот ги мина Крачлоу, Довициозо, Вињалес, Маркез, Лоренцо и на седум кругови до крајот Роси.

Шпанецот со овој триум ја разочара 100.000 публика која очекуваше победа на нивниот миленик Роси. Третото место го освои Хорхе Лоренцо, кој трката ја започна од пол позицијата.

Во пресрет на трката за Големата награда на Арагон, на 25.септември, лидер е Маркез со со 223 бодови, Роси има 180, а Лоренцо 162.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП