6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВеспрем пресилен за Металург

Веспрем пресилен за Металург

веспрем

Бранителот на титулата во СЕХА лигата, унгарски Веспрем, во неделата, славеше над Металург во Скопје со 23-20 (14-10).

Веспрем, кој во сабота, убедливо загуби од Вардар, не импресионираше ниту против Металург, но добрата игра во последните пет минути од првиот дел и предноста од четири гола, го одредија понатамошниот тек од натпреварот.

Избраниците на Лино Червар, се обидуваа но не успеаја во второто полувреме посериозно да му се заканат на противникот. На крајот пресуди поголемото искуство и бројот на квалитентни играчи кои ги има Веспрем.

Нелоски со четири гола беше најефикасен кај Металург, а по три гола постигнаа Брајовиќ, Марчец и Младеновиќ, а најефикасен на натпреварот беше Гајиќ од Веспрем со пет голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП