ПочетнаИНТЕРЕСНОВавринка во финалето на УС Опен

Вавринка во финалето на УС Опен

вав

Стен Вавринка ќе му се спротивстави на Новак Ѓоковиќ во финалето на последниот Грен слем турнир во сезоната, УС Опен. Швајцарецот во полуфиналето го победи Кеи Нишикори со 3-1.

Вавринка, кој се мачеше да ја пронајде вистинската игра се до финишот на вториот сет, успеа да слави над уморниот Нишикори со 4-6, 7-5, 6-4, 6-2.

Швајцарскиот тенисер во Њујорк ќе се бори за својата трета Грен слем титула во кариерата по Мелбурн и Париз, а против Ѓоковиќ има забележано само четири победи во 23-те меѓусебни дуели.

Финалето во машка конкуренција ќе се одигра в недела од 22 часот по средноевропско време.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП