3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаковска-Бикова седма, Каранфилов без финале

Наковска-Бикова седма, Каранфилов без финале

bikova

Македонските репрезентативци во стрелаштво Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов, во петокот, настапија на Параолимписките игри во Рио де Жанеиро, во дисциплината 10 метри воздушен пиштол. Наковска-Бикова го освои седмото место, додека Каранфилов не успеа да влезе во финалето.

Оливера Наковска-Бикова не успеа да го одбрани златниот медал освоен на параолимпијадата во Лондон, таа во финалето забележа резултат од 92,8 круга што беше доволно за седмото место.

Во оваа дисциплина, во женска конкуренција победи Саре Јаванмардидодмани, втора беше Украинката Олга Ковалчук, а трета Ајсеги Пеливнлар од Труција.

Вториот македонски репрезентативец, Ванчо Каранфилов, не успеа да се пласира во финалето, во конечниот пласман го освои 16-то место со погодени 556 круга.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП