25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes го претстави концептот GLA

Mercedes го претстави концептот GLA

gla

На само неколку дена пред почетокот на автосаемот во Шангај на интернет се појавија првите фотографии од компактниот кросовер на „Mercedes“ кој ја има ознаката „GLA“. Оваа студија е многу близу до конечната сериска верзија која оваа компанија ќе ја прикаже во септември на саемот во Франкфурт. Додека продажбата на овој модел би требало да започне во првата половина од 2014-та година.

Овој компактен кросовер е базиран на А класата, а неговите димензии изнесуваат 4.380 mm во должина, ширина од 1.970 mm и висина од 1.570 mm со што е нешто повисок од хечбекот, додека меѓуосовинското растојание останува 2.690 mm.

gla2

Поседува нешто поробусен изглед од хечбек возилото, а е со сите стандардни додатоци кои се очекуваат кај еден кросовер, како носачи на покривот, заштитни плочи на подвозјето, заоблени лакови околу тркалата и димензии од 255/45 R20 на пневматиците.

Во кабината „GLA“ ја позајмува командната табла и останатите делови од ентериерот од А класата, додавајќи богат трим и материјали, како и единствен инструмент панел. Не треба да се нагласува дека во сериската верзија овие детали ќе бидат подискретни.

gla4

Под каросеријата се наоѓа подвозје превземено од А класата со модифициран систем на суспензија, но истиот 2.0 турбо четирицилиндричен агрегат со снага од 211 ks. Седумстепена 7G DCT автоматска трансмисија со двојна спојка со кој се снабдува Mercedes 4MATIC интегралниот погон. Сериската верзија ќе има повеќе опции на мотори, вклучувајќи ја и моќната единица со 360 ks  на моделот A45 AMG.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП