23 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо план формирање на Светска фудбалска лига

Во план формирање на Светска фудбалска лига

fudbal

Светска фудбалска лига во фудбал, озборување или најава, за она што европските фудбалски великани, или поточно финансиски моќните клубови, со години се обидуваат да се изборат. Британскиот Mirror тврди дека и покрај најавените реформи во Лигата на шампионите, преку кои УЕФА се обидува да им се додвори на богатите клубови, тие сепак сакаат да формираа своја лига и тоа не на европско, туку на светско ниво.

УЕФА најави дека од наредната сезона Лигата на шампионите ќе го смени форматот, односно четирите најсилни европски првенства ќе имаат загарантирани четири места, што значи 16 места ќе бидат пополнети, додека за условно кажано малите екипи, низ квалификациите ќе бидат достапни само четири места во главната фаза.

Сепак, како што пишува Mirror, на сите во УЕФА им е јасно дека тешко ќе можат да ги спречат богатите клубови да организираат свое натпреварување. Најавените реформи, како што објави УЕФА ќе важат до 2021 година, а потоа се најавуваат нови промени кои дополнително ќе ја зголемат разликата помеѓу „големите“ и „малите“ клубови.

Пишувањата на Mirror ги потврдува и Јако Сварт, кој е директор на Европските фудбалски првенства (EPFL).

„Формирањето на светската Суперлига не може да биде стопирано. За неколку години сигурно ќе биде формирано светско фудбалско натпреварување, тоа не може да се спречи. Ќе биде тоа ексклузивна забава за најбогатите фудбалски клубови кои ќе заработуваат големи пари од спонзорите и телевизиските права“, изјавил Сварт.

Директорот на EPFL признава дека целта на формирањето едно вакво натпреварување е исклучително финансиска, односно дека бизнисот ќе го надвладее фудбалскиот момент.

Покрај кинескиот и американскиот, се бараат нови пазари во Бразил, Австралија, Јужна Африка.

Mirror ја состави и можната листа на кандидати:

Англија: Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити

Шпанија: Реал, Барселона, Атлетико

Италија, Јувентус, Интер, Милан

Франција: ПСЖ, Олимпик Лион

Германија: Баерн Минхен, Борусија Дортмунд

САД: ЛА Галакси, Њујорк сити

Кина: Гуангжу, Шангај

Бразил: Коринтијанс

Австралија: Мелбурн сити

Јужна Африка: Супер спорт јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП