6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBayer размислува да го продаде бизнисот поврзан со дерматологија

Bayer размислува да го продаде бизнисот поврзан со дерматологија

bayer algeta

Германскиот хемиски гигант Bayer го разгледува продавањето на бизнисот поврзан за дерматологија, за да го отвори патот за преземање на американската компанија Monsanto, јави Bloomberg, повикувајќи се на неименувани извори.

Bayer соработува со JPMorgan Chase & Co на реализација на оваа продажба со која би можеле да остварат над милијарда евра, се наведува во извештајот објавен во четврток.

На почетокот на неделата од германската компанија порачаа дека за најголемиот производител на семиња во светот Monsanto се подготвени да понудат повеќе од 65 милијарди долари, два отсто повеќе од она што досега го нуделе.

Работењето на Bayer поврзано со дерматологијата сепак би можело да ги заинтересира производителите на производи за нега на кожата, како што се Nestle, Galderma, Allergan и Almirall, но и инвестициските компании, се наведува во извештајот на американската агенција за финансиски вести.

Од Bayer и J. P. Morgan не беа достапни за коментар на ова информација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП