5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар го одбил ПСЖ и 40 милиони евра годишно

Нејмар го одбил ПСЖ и 40 милиони евра годишно

cigo333

Нејмар да Силва ја одбил понудата на ПСЖ од рекордни 190 милиони евра бидејќи решил да остане во Барселона и да го продолжи договорот.

Менаџерот на Нејмар, Вагнер Рибеиро, открил дека неговиот клиент имал можност во ПСЖ годишно да заработува 40 милиони евра, сума која е речиси двојно поголема од онаа која Кристијано Роналдо ја заработува во Реал Мадрид.

„Беше многу блиску до трансфер во ПСЖ каде ќе заработуваше 40 милиони евра годишно. Исто така, интерес покажуваше и Манчестер Јунајтед, но Нејмар реши за помалку пари да остане во Барселона. Тој сака уште долго време да остане во Барселона“, изјавил за бразилскиот ESPN, Рибеиро.

Нејмар го продолжи договорот со Барселона до 2021, откупната клаузула во договорот изнесува 200 милиони евра.

Бразилецот во 2013 година од Сантос се пресели во Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП