19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПлишкова ја шокира Серена, Кербер нова број 1

Плишкова ја шокира Серена, Кербер нова број 1

плискова-серена

Чешката тенисерка Каролина Плишкова ја забележа најголемата победа во кариерата, откако преку Серена Вилијамс избори пласман во финалето на УС Опен. Плишкова славеше над првата носителка во два сета 6-2, 7-6.

Плишкова која до годинешниот УС Опен никогаш не минала подалеку од третото коло на турнирите од Грен слем серијата, на УС Опен ја продолжи неверојатната серија. Плишкова стана четвртата тенисерка во историјата која на еден турнир успеала да ги елиминира сестрите Вилијамс (Венус и Серена), претходно тоа го направиле Белгијките Енан и Клајстерс, односно Швајцарката Хингис.

Чешката тенисерка беспрекорно сервираше во првиот сет и без проблем го доби овој дел од играта. Серена имаша мака со движењето, а подоцна беше потврдено дека таа играла со повреда на коленото.

Плишкова во финалето за противничка ќе ја има Анжелик Кербер, која од понеделник ќе биде прва на ВТА листата. Германката во полуфиналето немаше проблеми со Каролин Вознијацки и забележа победа 6-4, 6-3.

Кербер се пласира во своето трето Грен слем финале оваа година, ја освои титулата во Мелбурн, а загуби на Вимблдон.

Финалниот меч на УС Опен во женската конкуренција ќе се одигра в сабота, со почеток во 22 часот по македонско време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП