5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУС Опен: Вавринка и Серена последни полуфиналисти

УС Опен: Вавринка и Серена последни полуфиналисти

sten355

Стан Вавринка ја комплетира листата на полуфиналисти на последниот грен слем во сезоната УС Опен. Швајцарецот, во четвртфиналето, го совлада Хуан Мартин дел Потро во четири сета 7-6, 4-6, 6-3, 6-2. Кај дамите последна полуфиналистка е Серена Вилијамс, таа во три сета ја порази Симона Халеп. 

Вавринка трет пат во кариерата ќе игра полуфинале на УС Опен, а во дуелот со Делпо ја забележа третата победа во седмиот меѓусебен меч.

Противник на Вавринка во полуфиналето ќе биде Кеи Нишикори кој во брилијантен меч го совлада вториот носител Енди Мареј.

Во женска конкуренција последна полуфиналистка е Серена Вилијамс. Американката одигра три сета во четвртфиналето против Симона Халеп од Романија. Серена на патот до својата 23-та грен слем титула славеше со 6-2, 4-6, 6-3.

Каролина Плишкова од Чешка ќе и биде противничка на Серена во полуфиналето, додека во првото полуфинале ќе играат Каролин Вознијацки и Анжелик Кебер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП