5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУС Опен: Нишикори го елиминира Мареј

УС Опен: Нишикори го елиминира Мареј

nisikori22

Јапонецот Кеи Нишикори го елиминира Енди Мареј и се пласираше во полуфиналето на УС Опен. Нишикори по четири часа и три минути игра славеше во пет сета 1-6, 6-4, 4-6, 6-1, 7-5.

Нишикори и Мареј одиграа неверојатен меч, иако по воведниот сет во најава беше лесна победа на Британецот. Мареј доминираше во првиот сет, загуби само еден гем. Нишикори се разбуди во вториот сет, откако поради дождот мораше да биде затворен покривот на „Артур Еш“.

Вториот сет му припадна на Јапонецот со 6-4, а со иста мерка возврати Мареј во третиот сет, во кој се случи серија брејкови. Во четвртиот сет Нишикори со неколку добри ритерни и форхенд винери успеа целосно да го исфрли противникот од ритам. Мареј покажа доза на нервоза и го загуби сетот со 6-1.

Во последниот сет Нишикори прв стигна до брејк, имаше предност сé до 4-3, кога Мареј возврати, успеа да израмни, а потоа и да стигне до 5-4. Сепак, Јапонецот во критичните моменти покажа неверојатна ментална сила, успеа да добие три гема во низа и да слави над Британецот кој за многумина беше најголемиот фаворти за титулата.

Противник на Нишикори во полуфиналето ќе му биде победникот од мечот меѓу Стан Вавринка и Хуан Мартин дел Потро. Во првото полуфинале ќе играат Гаел Монфилс и Новак Ѓоковиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП