1 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУнгарија ја оддалечи Македонија од Евробаскетот

Унгарија ја оддалечи Македонија од Евробаскетот

унгарија

Македонската кошаркарска репрезентација го запиша вториот пораз во квалификациите за пласман на Европското првенство, пораз кој ја оддалечува од настап на континеталниот шампионат. Македонија, во средата во Кавадарци, загуби од Унгарија 66-76 (17-15, 18-17, 13-16, 18-28).

Кошаркарите го загубија мечот во кој немаа право на грешка, додека Унгарците со триумфот во Кавадарци со „една нога“ се на Европското првенство.

Играта на Македонија во првото полувреме може да добие преодна оценка, одбраната функционираше добро, нападот задволителен и оттука три поени предност по 20 минути игра.

Проблемите за тимот кој го предводи Драган Раца започнаа во вториот дел, цели пет минути не постигнаа кош, но ниту Унгарците во тој дел не функционираа најдодобро во нападот.

Последните четири минути од третиот период донесоа серија од десет поени најпрвин на Унгарците, а потоа и на Македонија, а гостинската репрезентација успеа на крајот да стигне до 48-48 во пресрет на решавачката четвртина.

Во последните десет минути играта на Македонија џцелосно се распадна, немаше никава идеа во нападот, Војдан Стојановски не можеше сам, додека на спротивната страна најдобриот играч Војвода доби поддршка од Ханга и Витман кои погодуваа кога требаше и на крајот и донесоа значајна победа на унгарската репрезентација.

Војдан Стојановски со 16 поени ја предводеше Македонија, додека Ромео Тревис забележа 12 поени и исто толку скокови. На спротивната страна доминираше натурализираниот Унгарец Војвода со 27 поени, Ханга уфрли 15, а Витман 11 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП