27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОS&P: Русија ќе нема пари за СП 2018

S&P: Русија ќе нема пари за СП 2018

rusijasp2

Американската рејтинг агенција „Standard & Poor`s“ предупреди дека руските градови, кои ќе бидат домаќини на Светското првенство во фудбал во 2018 година, ќе имаат финансиски проблеми.

Како што беше најавено, од агенцијата се загрижени дека Русите ќе имаат проблем да пронајдат пари за изградбата на стадионот, подобрувањето на транспортот и останатата инфраструктура.

Тие наведуваат дека седум од единаесет градови кои ќе бидат домаќини ќе бидат принудени да позајмат пари или ќе им биде потребна многу поголема помош од владата отколку што претходно беше планирано.

Руската влада процени дека вкупниот буџет за Светското првенство ќе изнесува 22 милијарди долари, што е многу повеќе отколку во Бразил, кој за Светското првенство во 2014 година ќе издвои 13,6 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП