5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПортугалија загуби во Швајцарија

Португалија загуби во Швајцарија

svisportugal

Актуелниот европски првак Португалија со пораз стартуваше во квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија. На стартот од квалификацискиот киксираше и вицепрвакот на Европа Франција, играјќи 0-0 во Белорусија.

Тимот кој ја освои европската титула, без Кристијано Роналдо, запиша пораз во Швајцарија 2-0. Мечот во Базел Швајцарците го решија во првото полувреме кога Руи Патрисио го совладаа Емболо и Мехмеди.

Во преостанатите два меча од Б групата Летонија минимално со 1-0 во Андора, додека Фарските острови одиграа 0-0 со Унгарија.

Бугарија успеа да избори победа над Луксембург во последните секунди со голот на Тонев. Стрелци за Бугарија во победата 4-3 покрај Тонев беа Рангелов, Марселињо и Попов, а за гостите два гола постигна Јоахим и Бонхерт.

Шведска и Холандија ремизираа 1-1. Берг постигна убав гол за водство на Шведска, а израмни Весли Снајдер.

Франција не успеа да слави во Белорусија и покрај тоа што имаше целосна иницијатива и пет чисти шанси. Играч на мечот беше белорускиот голман Горбунов.

Босна и Херцеговина убедливо стартуваше во квалификациите со триумфот 5-0 над Естонија. Два гола постигна Спахиќ, а по еден Џеко, Медуњанин и Ибишевиќ.

Грција во Гибралтар победи со 4-1, а Белгија на Кипар се радуваше на победата од 3-0. Два гола постигна Лукаку, а еден Караско. Напаѓачот на Евертон Лукаку пропушти можност за хет трик бидејќи во 93.минута промаши пенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП