27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПораз на Македонија во претпоследната минута

Пораз на Македонија во претпоследната минута

мак-фуд

Македонија не успеа да освои бод во Скадар, во првиот квалификациски меч за пласман на Светското првенство во Русија. Албанците триумфираа со голот на Балај постигнат на почетокот на 89.минута.

Натпреварот кој започна во понеделникот, а кој поради силно невреме беше прекинат во 76.минута, се доигра денеска, но македонските фудбалери немаа среќа да се вратат дома со освоен бод.

Како и до прекинот, Албанците не ипресионираа, Македонија имаше контрола врз играта, но лошата реакција на одбраната му овозможи на Балај да постигне гол.

Џака изведе слободен удар од левата страна, топката ја прелета целата одбрана, а Балај од пет метри само малку ја допре и ја погоди мрежата.

Две минути подоцна Македонија имаше шанса да израмни, по акцијата на Петровиќ и Спировски, десниот бек го проигра Ибраими, но неговиот удар заврши директно во Бериша.

Квалификациите за пласман на СП продолжуваат во октомври кога Македонија ќе одигра две средби во Скопје, против Израел (6.октомври) и Италија (9.октомври).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП