23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMarks&Spencer укинува 15% од раководните места

Marks&Spencer укинува 15% од раководните места

marksspencer-main

Британскиот малопродажен ланец „Marks&Spencer“ ќе укине 525 раководни работни места, а околу 400 раководители ќе ги премести од седиштето во Лондон за да заштеди на трошоци, соопшти компанијата.

„Marks&Spencer“, чиј неодамна именуван директор Стив Роу настојува да направи пресврт во секторот за облека и да го засили популарниот сектор во понудата на храна, изјави дека таа одлука има за цел да направи „едноставна и ефикасна ораганизација“, пренесуваат агенциите.

Тој додаде дека „апсолутно се неопходни промените, кои ќе им помогнат да изградат различен „Marks&Spencer“, таков кој може да донесува похрабри, побрзи одлуки, да бидат профитабилни и, конечно, да им нудат подобри услуги на клиентите“.

Компанијата соопшти дека околу 400 вработени во „IT“ секторот и логистика ќе бидат преместени на север од централното седиште во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП