18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРекордна победа за Серена Вилијамс

Рекордна победа за Серена Вилијамс

серена

Серена Вилијамс се пласираше во четвртфиналето на УС Опен и испиша нова страница во историјата на светскиот тенис. Помладата од сестрите Вилијамс во осминафиналето ја победи Јарослава Шведова со 6-2, 6-3.

Серена против Шведова ја забележа 308-та победа на грен слем турнирите со што стана апсолутна рекордерка. На вечната листа таа го мина Роџер Федерер кој има еден триумф помалку.

Американката во кариерата има 22 Грен слем титули и го дели првото место на вечната листа заедно со Штефи Граф.

Против Шведова, Серена на теренот мина 70 минути, освои 28 од 30-те поени на својот прв сервис, забележа десет ас сервиси, а на противничката не и дозволи ниту една брејк топка.

Нејзина противичка во четвртфиналето ќе биде Романката Симона Халеп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП