20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлбанија и Македонија ќе го продолжат мечот во вторник од 14 часот

Албанија и Македонија ќе го продолжат мечот во вторник од 14 часот

дозд

Фудбалските репрезентации на Албанија и на Македонија, во вторник, ќе го доиграат својот премиерен натпревар во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство.

Дуелот помеѓу двете репрезентации, во понеделникот, не го дочека својот крај, откако беше прекинат поради невреме проследено со силен дожд.

Натпреварот е прекинат во 77.минута при резултат 1-1. Стрелци на головите беа Садику за Албанија во деветтата минута и Алиоски за Македонија во 51.минута.

Последните 13 минути од натпреварот ќе се доиграат во вторник, од 14 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП