22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧервар: Вардар е фаворит, но ние не се предаваме

Червар: Вардар е фаворит, но ние не се предаваме

lino-cervar

Ракометарите на Металург по пауза од една година се вратија во СЕХА лигата, новата сезона во регионалното натпреварување ќе ја отворат утревечер против вечниот ривал Вардар.

Тренерот на Металург, Лино Червар, најавувајќи ја новата сезона и првиот меч со Вардар, рече дека пред неговиот млад тим престои многу работа.

„Би бил задоволен ако на крајот на сезоната добиеме коментари дека сме добра екипа која има иднина. Ќе се обидеме оваа сезона, низ натпреварите во СЕХА лигата и Лигата на шампионите, да им овозможиме на играчите да стекнат доволно искуство за настап на светското првенство“, рече Червар.

Стратегот на Металург, кој воедно е и селектор на Македонија, за дербито со Вардар нема да може да смета на засилувањата Дрогришки и Обрадовиќ кои се повредени.

„Вардар е фаворит, ние сакаме да пружиме силен отпор, сигурно е дека ќе бидеме мотивирани“.

Дуелот Металург-Вардар ќе се одигра во вторник, во СЦ „Борис Трајковски“, а ќе започне во 20:30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП