4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБернес и Гленцке го освоија турнирот во одбојка на песок

Бернес и Гленцке го освоија турнирот во одбојка на песок

glen

Одбојкарската двојка Беренс/Гленцке од Германија триумфираше на седмиот по ред меѓународен турнир во одбојка на песок „2016 CEV beach volleyball women satellite Skopje“ во женска конкуренција.

Второто место на овој турнир го освоија Австријките Штраус/Штраус од Австрија, а на третото место се пласираа одбојкарките Синисало/Ахтиаинен од Финска.

Овој атрактивен спортски настан со своето присуство го збогатија 26 одбојкарски двојки од Австрија, Белгија, Бугарија, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Косово, Холандија, Романија, Србија, Турција, Украина и од Македонија.

Турнирот во Скопје се играше за награден фонд од 8.000 евра. Градот Скопје финансиски ја поддржа организацијата на ова големо спортско случување со 1.000.000 денари и со логистичка поддршка од градските јавни претпријатија. Технички организатор и реализатор на турнирот е Одбојкарската федерација на Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП