4 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНатпреварот Македонија-Северна Ирска, вторник, 18:45 часот, да биде празник за љубителите на...

Натпреварот Македонија-Северна Ирска, вторник, 18:45 часот, да биде празник за љубителите на фудбалот

markoski333

Фудбалската репрезентација до 21 година, предводена од Боби Милевски, како никогаш досега во нашата фудбалска историја има реални шанси да се пласира на европско младинско фудбалско првенство.

Македонските млади фудбалери покажаа победнички менталитет, силна мотивираност и желба за победа, борбеност, што резултираше на две кола пред крај на квалификацискиот циклус да се најдат на второто место во исклучително тешката група, и тоа пред големата Франција, пред репрезентации како Украина, Шкотска и Северна Ирска.

Селекторот Боби Милевски состави компактен тим кој на секој натпревар влегува со цел да победи, тим кој знае што прави на фудбалскиот терен, кој напаѓа, кој има извонредна реализација, и дава голови како ретко кога досега. Стабилен тим на секој дел од зелениот терен.

Остварени се три гостински победи, нерешено со големата Франција, а освен почетниот лош резултат против Исланд, од пред повеќе од една година, младата фудбалска репрезентација на Македонија бележи фантастични резултати. Игра офанзивен фудбал, допадлив на око, со прецизни додавања, со многу трчање и борбеност, со јасна поделба на задачите, стабилно и мирно, што секако ни дава надеж дека имаме голем фудбалска иднина.

Веќе во вторник во Скопје, доаѓа Северна Ирска, репрезентација која мора да се победи, за да се остане на врвот на табелата и конечно една наша фудбалска репрезентација да игра на едно големо фудбалско натпреварување, младинското првенство во Полска во 2017 година. Арената Филип Втори во понеделник, треба да биде местото каде ќе дојдат сите вистински љубители на фудбалот, тоа да биде празник на македонскиот фудбал, да се поддржи Македонија, и да се оствари победа, со која ќе бидеме само на еден чекор до европското првенство за млади. Цената на билетите е 100 денари, а приходите ќе одат за хуманитарни цели.

Вложувањата на Фудбалската Федерација на Македонија во развојот на младинските категории конечно почнаа да даваат резултати. Не само репрезентацијата до 21 години, туку и оние помладите последнава година остваруваат резултати кои заслужуваат почит, и кои ветуваат светла фудбалска иднина. Напорите и поддршката на ФФМ ќе продолжи и во иднина, конечно да се врати надежта и вербата во спортот кој Македонците посебно го сакаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП