2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалската репрезентација стартува во квалификациите за СП 2018

Фудбалската репрезентација стартува во квалификациите за СП 2018

фудболос

Фудбалската репрезентација на Македонија од Скадар ќе стартува во квалификациите, преку кои ќе се обиде да стигне до Мундијалот во Русија во 2018 година. Албанија е првиот противник на најдобрите македонски фудбалери во Г групата, во која уште се Италија, Шпанија, Израел и Лихтенштајн.

Осум меѓусебни натпревари имаат одиграно Албанија и Македонија, но дуелот на „Лоро Боричи“ стадинот во Скадар, ќе биде прв во кој двете репрезентации ќе се борат за бодови.

Претходните осум средби беа пријателски и Македонија има позитивен скор (четири победи, пораз и три нерешени).

„Ова е почеток на нов квалификациски циклус. Имаме противник кој е во подем. Тие беа учесници на последното ЕП и тоа е дополнителен мотив да влеземе со максимално залагање и да започнеме со позитивен резултат. Немаме проблеми со повредени. Подготвени ќе влеземе на мечот“, вели селекторот на Македонија Игор Ангеловски.

Дуелот во Скадар ќе започне во 20:45 часот, а според најавите ќе го обезбедуваат 900 полицајци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП