3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКвалификации за СП 2018: Сигурен старт на Германија

Квалификации за СП 2018: Сигурен старт на Германија

sig-ger

Актуелните светски прваци, фудбалерите на Германија, уверливо тргнаа во квалификациите за Светското првенство во 2018 година, откако на гости ја совладаа Норвешка со 3-0.

Германија доминираше во текот на целиот натпревар, и многу лесно нејзините играчи доаѓаа до противничкиот казнен простор, па лесно можеше да се случи нивната победа да биде уште поуверливо изразена. Двоен стрелец за Германија беше Томас Милер во 16 и 60 минута, а во 45-та погоди и Џошуа Кимих.

Во другите мечеви во оваа Група Ц одиграни во неделата, Азарбејџан на гости го совлада Сан Марино со 1-0, а Чешка дома против Северна Ирска одигра без голови 0-0.

Во последниот натпревар од првото коло во Групата Ф, Шкотска на гости ја порази Малта со 5-1. За домаќините почесниот гол го постигна Алфред Ефионг во 14 минута со што го изедначи водството на Шкотите што го постигна во 10 минута Роберт Снодграс кој беше прецизен и во 62 и во 84 минута, како и Крис Мартин во 53 и Стивен Флечер во 78 минута.

Претходно во оваа група Англија, исто така, на гости ја совлада Словачка со голот што го постигна Лалана дури во петтата минута од судиското продолжение, а Литванија против Словенија го испушти водството на полувреме од 2-0, па мечот заврши без победник (2-2).

Во Групата Е во Букурешт Романија и Црна Гора ги поделија бодовите (1-1), со головите постигнат во последните пет минути. Прво домаќините поведоа во 85 минута преку Адријан Попа, а две минути подоцна изедначи Стеван Јоветиќ.

Во оваа група Полска претходно на гостувањето во Казахстан ја испушти предноста од два гола направена веќе во 35 минута од натпреварот и дозволи домаќинот со два брзи гола да израмни на 2-2. Данска очекувано ја совлада Ерменија со 1-0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП