5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУС Опен: Пуи го елиминира Надал

УС Опен: Пуи го елиминира Надал

ус-опен

Францускиот тенисер Лука Пуи се избори за четвртфинале на УС Опен против сонародникот Гаел Монфилс, откако во осминафиналето го елиминираше Рафаел Надал. Пласман меѓу осумте најдобри на последниот грен слем турнир во сезоната изборија уште Новак Ѓоковиќ и Жо-Вилфред Цонга.

Лука Пуи, во моментов 25-ти на АТП листата, одигра уште еден импресивен меч во Њујорк, во кој стигна и до најголемата победа во кариерата. Пуи за нешто повеќе од четири часа игра го победи Рафа Надал со 3-2 (6-1, 2-6, 6-4, 3-6, 7-6).

Пуи мечот го заврши со 59 директни поени и 51 неизнудена грешка, додека Надал имаше 52 винери и 41 грешки.

Надал последен пат во четвртфинале на грен слем турнир играч минатата година во Париз.

Лука Пуи, на претходниот турнир во Вимблдон играша во четвртфиналето, а во Њујорк полуфинале ќе „лови“ преку сонародникот Монфилс, кој лесно во три сета го порази Маркос Багдатис (6-3, 6-2, 6-3).

Бранителот на титулата Ѓоковиќ одигра импресивен меч против Британецот Кајл Едмунд кого го порази во три сета (6-2, 6-1, 6-4).

Србинот за пласман во полуфиналето ќе игра против Цонга кој одигра четири сета против домашниот тенисер Џек Сок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП