22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКвалификации за СП 2018: Англија победи со гол во судиското продолжение

Квалификации за СП 2018: Англија победи со гол во судиското продолжение

квали

Со неделните средби во групите Ц, Е и Ф започнаа европските квалификации за Светското првенство кое во 2018 година ќе се игра во Русија, а од постигнатите резултати се издвоија минималната победа на Англија извојувана на гостувањето кај Словачка изборена во продолжение и неочекуваното реми на Полска со Казахстан.

По дебаклот на летово завршеното Европско фудбалско првенство во Франција, кога во осминафиналето беше елиминирана од Исланд, Англија квалификациите за Светското првенство 2018 ги започна со новиот селектор Сем Алардајс, кој го наследи Рој Хоџсон, Меѓутоа, во играта на Гордиот Албион ниту против Словачка не можеше да се забележи особена промена и напредок.

Иако во текот на целиот меч ја имаа иницијативата, а речиси 40 минути поради непромислениот потег на словачкиот стопер Мартин Шртел кој заработи дефинитивно втор жолт картон и исклучување, Англичаните не успеваа да ја пробијат домашната одбрана. Сепак, по истекот на четирите минути од судиското продолжување, Лалана од мешаница среќно постигна гол.

Во вториот меч од Ф групата во Вилнус, на сличен начин Словенците во продолжението извадија бод против Литванија којашто имаше предност од два гола, но на крајот беше 2-2. За Литванија головите ги постигнаа Фјодор Черних во 32 и Викинтас Сливка во 34 минута. Словенците успеаја да намалат дури во 77 минута преку Рене Крхин а во третата минута од судиското продолжение погоди Боштјан Цесар.

Во оваа група подоцна во неделата вечер играат Малта и Шкотска.

Во групата Е, фаворизираната Полска на гости кај Казахстан, исто така, прокоцка водство од два гола разлика на полувремето, постигнато преку Бартош Капустка во 9 и Роберт Левандовски од пенал во 35 минута. Но во второто полувреме, Сергеј Хижниченко со два гола за шест минути , во 52 и 58 минута, израмни на конечните 2-2.

Во Копенхаген очекувано Данска ја совлада Ерменија со 1-0 со голот на Кристијан Ерискен во 17 минута, а во истата група вечерва играат Романија и Црна Гора.

Во групата Ц, амбициозната селекција на Азербејџан на гости го совлада Сан Марино, со минимални 1-0, со голот на Руслан Гурбанов во 45 минута. Во групата во неделата вечер се играат уште и дуелите Чешка – Северна Ирска и Норвешка – Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП