27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАгуеро казнет три натпревара

Агуеро казнет три натпревара

агуеро

Напаѓачот на Манчестер Сити и аргентински репрезентативец Сергио Агуеро е казнет со три натпревара забрана за настап заради намерно удирање со лакотот во главата на одбранбениот играч на Вест Хем, Винстон Реид, објави управата на Лигата.

Судијата на мечот, што заврши со победа на Сити од 3:1, не го виде инцидентот, па Агуеро беше казнет врз основа на снимката.

Така Аргентинецот ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед на 10 септември, како и првенствениот натпревар против Борнмут и средбата од Лига купот против Свонси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП