22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси го сруши Уругвај, значаен триумф на Бразил

Меси го сруши Уругвај, значаен триумф на Бразил

petel zolt33

Лионел Меси, кој пред три месеци рече дека повеќе нема да настапува за репрезентацијата на Аргентина, се врати во тимот и го постигна единствениот гол во дербито против Уругвај. Значајна победа оствари Бразил, кој славеше кај Еквадор со 3-0. Победи во седмото коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Мундијалот во Русија забележаа уште и Колумбија, Боливија и Парагвај.

Воодушевените аргентински навивачи по завршувањето на мечот Аргентина- Уругвај влетаа на теренот само за да му покажат на Меси колку го сакаат и колку им значи.

Меси го постигна единствениот гол на мечот против Уругвај, со кој Аргентина се искачи на првата позиција на табелата со 14 бодови, еден повеќе од Уругвај и Колумбија.

Уругвајците цели 45 минути играа со играч повеќе (Дибала исклучен поради два жолти картони) но не ја материјализираа предноста.

Занчајна победа забележа Бразил во Еквадор. Бразилците до победата стигнаа во последните 20 минути од мечот, најпрвин Нејмар реализира пенал, а потоа во 87-та и 89-та минута триумфот го заверија Ајови со автогол и новиот играч на Интер Габриел Хесус.

Колумбија победи во Венецуела со головите на Хамес Родригез и Торес, со ист резултат Боливија го победи Перу, а Парагвај славеше над Чиле со 2-1.

Табела: 1. Аргентина 14, 2. Уругвај 13, 3. Колумбија 13, 4. Еквадор 13, 5. Бразил 12, 6. Парагвај 12, 7. Чиле 10, 8. Боливија 6, 9. Перу 4, 10. Венецуела 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП