28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДавид Силва го замолкна Брисел, Погба блескаше во Бари (видео)

Давид Силва го замолкна Брисел, Погба блескаше во Бари (видео)

Image (4)

Фудбалските репрезентации на Шпанија, Франција, Португалија и Грција забележаа победи во контролните натпревари, одиграни пред стартот на квалификациите за пласман на светското првенство.

Шпанија славеше над Белгија, во Брисел, со 2-0. Двата гола ги постигна играчот на Манчестер Сити, Давид Силва, првиот од игра, вториот од пенал.

На овој меч дебитираа новите селектори на двете репрезентации Роберто Мартинез (Белгија) и Хулен Лопетегуи (Шпанија).

Италија, на стадионот во Бари, загуби од Франција со 3-1. Блескаше на овој меч најскапиот светски фудбалер Пол Погба кој забележа две асистенции. Марсијал го постигна првиот гол на мечот, потоа Грацијано Пеле израмни, а во второто полувреме за победа на Франција погодија Жиру и Курзава.

Европскиот првак Португалија имаше полесен тренинг против Гибралтар. Портигалците победија со 5-0, два гола постигна Нани, а по еден Бернандо Силва, Консело и Пепе.

Грција, во дуел на селекциите кои не играа на ЕУРО 2016, ја совлада Холандија со 2-1. Митроглу и Јониотис погодија за Грција, а Вајналдум за Холандија.

Квалификациите за СП во 2018 ќе започнат в недела кога ќе играат селекциите на Данска, Германија, Англија, Романија, Црна Гора, Словачка…Македонија, в понеделник во Скадар ќе и гостува на Албанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП