17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБекенбауер се соочува со затворска казна

Бекенбауер се соочува со затворска казна

beken

Швајцарското обвинителство покрена истрага против Франц Бекенбауер кој е осомничен за „перење на пари“, пишуваат германските медиуми.

„Во име на швајцарското обвинителство можам да потврдам дека во тек е истрага за која што пишувате“, изјавила портпаролката на обинителството, потврдувајќи го пишувањето на интернет изданието на Шпигл.

Инаку, Шпигл пишува дека германската фудбалска легенда, Франц Бекенбауер, се сомничи за „перење на пари“ во време кога бил шеф на организациониот одбор за објава на германската кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2006 година.

Во октомври 2015 година Шпигл пишуваше дека Германија користела таен фонд од 10 милиони швајцарски франци (6,7 милиони евра) за купување на гласови, со цел добивање на организацијата на СП во 2006-та.

Тој фонд по барање на Бекенбауер, со пари го обезбедил поранешниот шеф на спортската компанија Адидас, Роберт Драјфус, некаде пред почетокот на летото во 2000 година, кога Германија со 12-11 го доби гласањето за организација на Мундијалот.

Противкандидат на Германија тогаш и беше Јужна Африка.

ФИФА во март ја започна истрагата против неколку челници кои работеле на организација на СП во 2006 година.

Минатиот октомври Бекенбауер изјавил дека „направил грешка“ во врска со кандидатурата, отфрлајќи ги обвинувањата за корупција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП