2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВелосипедска тура на Бистра

Велосипедска тура на Бистра

vel tura 333

Во недела на 4 септември ќе се одржи тура за планински велосипедисти на планината Бистра со старт од селото Тресонче.

Турата претставува целодневен велосипедски настан во кој групата велосипедисти ќе извози кружна патека од 56 километри на планината Бистра во која влегуваат селата Тресонче, Селце, Галичник и Лазарополе.

Сите заинтересирани за возење планински велосипед на прекрасната Бистра можат да се пријават за учество преку веб страницата www.prvdovrv.mk.

За секој учесник организаторот обезбеди маркирана патека, водичи на групата, прва медицинска помош, станици со вода и освежување, ручек и сувенир маичка од настанот.

Организатор на турата е здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП