13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАксел Витсел, најголемиот губитник во преодниот рок

Аксел Витсел, најголемиот губитник во преодниот рок

aksel juve3

Белгискиот репрезентативец Аксел Витсел е најголемиот губитник во преодниот рок, кој во најголем дел од европските земји заврши во средата на полноќ.

Витсел беше подготвен за трансфер во Јувентус, средата ја мина во Торино, но не потпиша договор со италијанскиот шампион, откако од Зенит му наложија да се врати во клубот бидејќи Русите не успеале да најдат адекватна замена за Белгиецот.

Јувентус за трансфер требаше да издвои 18 милиони евра плус три милиони евра низ разни бонуси.

Зенит го откажа трансферот бидејќи на време не ги заврши административните работи во врска со трансферот на Андреас Самарис, за кого беше договорено на Бенфика да и плати 10 милиони евра.

Нереализираниот трансфер нема да го обесхрабри Јувентус, човекот задолжен за трансфери Бепе Марота најави дека ќе се обидат во зимскиот преоден рок да го ангажираат Витсел, но тогаш клубот ќе понуди само пет милиони евра, доколку не успеат во јануари тогаш Марота најавува дека во наредниот летен преоден рок Белгиецот ќе пристигне без обесштетување, како слободен играч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП