5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаониќ елиминиран од УС Опен

Раониќ елиминиран од УС Опен

raonik

Еден од потенцијалните фаворити за освојување на титулата на УС Опен, Милош Раониќ, доживеа сензационална елиминација, во второто коло, од последниот грен слем турнир во сезоната.

Раониќ меѓу гледачите го испрати квалификантот од САД, Рајан Херисон, кој го загуби првиот сет 6-7, но потоа успеа да победи 7-5, 7-5, 6-1.

Елиминацијата на Раониќ му го олеснува патот на Новак Ѓоковиќ до евентуалното финале. Петтиот носител Раониќ во проектираното полуфинале требаше да игра со српскиот тенисер.

Инаку Ѓоковиќ без борба се проби во третото коло, откако Чехот Јиржи Весели поради повреда му го предаде мечот.

За разлика од Раониќ, Рафа Надал, запиша уште една убедлива победа. Шпанецот во три сета го порази Италијанецот Андреас Сепи со 6-0, 7-5, 6-1.

Овој меч ќе биде запишан во историјата на УС Опен, бидејќи е прв кој се одиграл со затворен покрив.

Второто коло на УС Опен го минаа Баутиста-Агут, Цонга, Изнер, Јужњи, Монфилс, Алмагро и Чилиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП