Овен (21.03 – 20.04)
Денес, еден роднина на вашиот партнер ќе ви предложи интересна зделка. Послушајте го и разгледајте ги сите страни на понудата. Ќе видите дека таа зделка ќе биде добра за вас. Ако сте невработени денес ќе добиете известување кое навистина ќе ве развесели.
Бик (21.04 – 21.05)
Вие сте многу рационални и секогаш имате јасни ставови во однос на многу нешта. Денес ќе почнете да размислувате малку имагинарно. Вашите домашни ќе забележат дека се наоѓате во некоја посебна фаза и почнувате да се повлекувате во себе. Тие ќе се обидат да ви помогнат, но вие нема да им дозволите.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ако денес претпоставените побараат од вас јавно да изнесете некои свои анализи и ставови, обидете се да го избегнете тоа. Вашиот аналитички ум се наоѓа во конфузија. Не можете да ги средите мислите и јасно да кажете што мислите. Попладнето поминете го со семејството.
Рак (22.06 – 22.07)
Работата ви е интересна и креативна. Но, таа сепак ве исцрпува. Особено ве исцрпуваат моментите кога не знаете каков резултат ќе добиете после толку преземени акции. Денес ќе се чувствувате дезориентирано. Во исто време ќе бидете и полетни и ограничени.
Лав (23.07 – 22.08)
Денес премногу ќе размислувате. Имате потреба да им помогнете на сите околу вас и не ви е јасно како да го сторите тоа. Колегите и денес ќе ја искористат вашата добронамерност и ќе ви префрлат дел од нивните обврски. Партнерот исто така е зависен од вас и очекува да му ги решавате проблемите.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес очекувајте поголема сума на пари. Парите се одамна испланирани, но денес ќе се појават некои нови моменти кои ќе ве натераат да го смените планот. Во комуникацијата со луѓето околу вас покажувате голема острина и на тој начин се обидувате да скриете што навистина чувствувате.
Вага (23.09 – 22.10)
Денес ќе добиете извесна сума на пари која ќе морате да ја чувате во тајност. Причините зошто е тоа така ги знаете само вие и вашиот партнер. Бидете особено внимателни како се однесувате кон пријателите и какви планови правите. Можно е некој од нив да ве повреди и тоа многу да ве заболи.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Изненадувањата на работното место не престануваат. Ќе бидете вчудоневидени од креативноста на колегите. Некои од нив директно ќе ви се спротивстават, додека другиот дел потајно ќе ве озборува. Не се вознемирувајте, секој мора да ја плати цената на успехот. Слободните денес ќе имаат шанса да запознаат една личност која ќе им се допадне.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес е можно да имате разговор со претпоставениот. Тој ќе ви пренесе некои поплаки од колегите во врска со вашето однесување. Вие не мислите дека е тоа точно или барем не сте правеле ништо намерно, но ќе морате да се согласите со критиките. Во попладневните часови со еден член на вашето семејство ќе направите таен договор.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денес ќе добиете поголема сум на пари, но ќе дознаете и дека вашиот партнер е должен некаде. Внимавајте како се однесувате со партнерот затоа што се можни изненадувања. Вам ви е познато неговото непопустливо однесување, но денес може навистина да ве повреди. Затворањето во себе воопшто не е начин на којшто ќе се одбраните.
Водолија (21.01 – 19.02)
Задржете го позитивниот став, иако тоа за вас претставува проблем во овој момент. Без оглед на тоа, мора да ставите насмевка на лицето и да ги отргнете мрачните мисли кои ве заплашуваат. Околината ќе биде задоволна само доколку покажете иницијатива за подобрување на работите.
Риби (20.02 – 20.03)
Подготвени сте на се само за да ги остварите своите цели, без оглед колкав напор е потребно да дадете. Секогаш сте биле борци и такви ќе останете. Овој пат упорноста ќе ви се исплати, вие ќе го заслужите подобрувањето и на деловен план, но и во приватниот живот. Некој поранешен пријател ќе сака да ја обнови врската со вас.