5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУС Опен: Ѓоковиќ без борба до третото коло

УС Опен: Ѓоковиќ без борба до третото коло

gjoko

Првиот носител на УС Опен, Новак Ѓоковиќ, без борба се пласира во третото коло на последниот Грен слем во сезоната.

Противникот на Ѓоковиќ, чешкиот тенисер Јиржи Весели, поради повреда на мускулот на левата подлактица, се откажа од дуелот со најдобриот тенисер во светот.

Ѓоковиќ непланирано доби продолжен одмор, мечот од третото коло ќе го игра в петок, а противник ќе му биде Аргентинецот Гвидо Пеља или Русинот Михаил Јужњи.

Против Пеља Ѓоковиќ го има добиено единствениот меѓусебен дуел, додека против Јужњи води со 6-3 во меѓусебните дуели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП