5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМаркос Алонсо пет години во Челзи

Маркос Алонсо пет години во Челзи

маркос

Шпанецот Маркос Алонсо ја напушти Фиорентина и за сума од 23 милиони фунти се пресели во Челзи. Со тимот од „Стенфорд Бриџ“, Алонсо потпиша петгодишен договор.

„Многу сум среќен. Ова е чекор напред во мојата кариера, ова е идеално место за да можам да напредувам во кариерата. Време е да почнам да освојувам титули“, рекол Алонсо за клупската интернет страница.

Алонсо кариерата ја започнал во Реал, а покрај за Фиорентина има играно во Болтон и Сандерленд.

„Лесно ја донесов одлуката кога слушнав дека овој клуб се интересира за моите услуги. Моето семејство и блиските пријатели знаат дека Челзи е клуб за кој сонував…Навистина сум возбуден поради новиот предизвик“, дополнил шанскиот бек.

Доаѓањето на Маркос Алонсо според стручњаците значи дека Ивановиќ ќе се префрли на стоперската позиција, а не е исклучено Антонио Конте да започне да игра во формација 3-5-2, во која централни дефанзивци би биле Ивановиќ, Кејхил и Тери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП