11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСкопје домаќин на турнирот во одбојка на песок

Скопје домаќин на турнирот во одбојка на песок

одбојка

Традиционалниот меѓународен турнир во одбојка на песок „CEV Beach volleyball women satellite Skopje“, кој го организира Одбојкарската федерација на Македонија во соработка со Град Скопје ќе се одржува од четврток до недела. Натпреварите ќе се играат на Градската плажа „Парк“.

„Како што веќе знаете Градот Скопје заедно со Одбојкарската федерација на Македонија веќе седум години го организира меѓународниот женски сателит турнир во одбојка на песок и им овозможуваат на посетителите да уживаат во врвни натпревари во одбојка на кејот на реката Вардар. Ги покануваме граѓаните да дојдат и сите заедно да уживаме натпреварите на 25 женски двојки од 16 држави од цела Европа. Градот Скопје и оваа година е покровител на турнирот и го поддржува со милион денари, истакна на конференција за медиумите Зоран Шишковски, раководител на Одделението за спорт при Секторот за јавни дејности на Град Скопје.

Генералниот секретар на Одбојкарската федерација на Македонија, Зоран Карановиќ, изјави дека оваа година за прв пат на овој турнир ќе дојде и првиот човек на европската одбојка, претседателот на ЦЕВ Александар Боричиќ, а го изрази и своето задоволство од присуството на супервизорот од ЦЕВ, Тошо Стојанов од Бугарија.

Супервизорот од ЦЕВ, Тошо Стојанов, на прес-конференцијата ги пофали организаторите на турнирот, односно Градот Скопје и Одбојкарската федерација на Македонија за одличната соработка и кажа дека се надева дека сите заедно ќе успејат да го направат овој турнир поуспешен од ланскиот. Тој, исто така, ги повика медиумите да рабоотат на промовирање на овој спорт,одбојка на песок, и да придонесат за негова поголема популаризација.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 8.000 евра, а покрај двете македонски двојки Марија Трајковска Петровиќ – Емилија Поп Јорданова и Моника Јаневиќ – Тамара Стојанова, пријавени др двпјки од Австралија, Чешка, Данска, Белгија, Бугарија, Франција, Финска. Грција, Германија, косово, Украина, Романија, Турција….

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП