5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУС Опен: Рутински победи за Мареј и Серена, испадна Гофан

УС Опен: Рутински победи за Мареј и Серена, испадна Гофан

supelka 3335

Енди Мареј и Серена Вилијамс рутински обезбедија пласман во второто коло на последниот Грен слем во сезоната, УС Опен. Најголемото изненадување е елиминацијата на 12-от фаворит во машка конкуренција Давид Гофан.

Мареј, втор носител на УС Опен, се обидува да стане четвртиот тенисер во опен ерата кој во една сезона играл во финалињата на сите Грен слем турнири. Британецот сезонава играше во финалињата на Австралија Опен и Ролан Гарос, а го освои Вимблдон.

Досега само Род Лејвер (1969), Роџер Федерер (2004, 2006, 2007) и Новак Ѓоковиќ (2015) играле во сите финалиња во една сезона.

Мареј во првото коло лесно го совлада Лукаш Росол со 6-3, 6-2, 6-2 и ја забележа 23-та победа на последните 24 мечеви.

Британецот во второто коло ќе игра против Марсел Гранолес Пујол.

Без проблеми во второто коло мина и првата носителка во женска конкуренција Серена Вилијамс. Американката за помалку од еден час славеше над Екатерина Макарова со 6-3, 6-3.

Серена во второто коло ќе игра против сонародничката Вања Кинг.

Најголемото изненадување на вториот натпреварувачки ден го приреди домашниот тенисер Џеред Доналдсон кој во четири сета го елиминира 12-от носител Давид Гофан.

Турнирот поради повреди го завршија Украинецот Александар Долгополов и Хрватот Борна Чориќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП