1 јули, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОАргентина без Меси и Агуеро во квалификациите

Аргентина без Меси и Агуеро во квалификациите

ef

Лионел Меси и Серхио Кун Агуеро ќе ги пропуштат натпреварите во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија, кои Аргентина ќе ги одигра против Уругвај и Венецуела.

Најдобриот аргентински фудбалер, Меси, во неделата на мечот во Билбао ја повредил тетивата, а Барселона објави дека постојат минимални шанси тој да биде со својата репрезентација.

За разлика од Меси, Агуеро сигурно нема да биде со репрезентативните колеги, откако и Аргентинската фудбалска федерација објави дека тој поради повреда ќе ги пропушти претстојните две средби на репрезентацијата.

Агуеро, на неделниот меч Манчестер Сити-Вест Хем (3-1) го повредил листот на ногата и неизвесно е колку ќе отсуствува од терените.

Аргентина в петок ќе игра против Уругвај, а на 7.септември против Венецуела. Ова се два исклучително важни натпревари за „гаучосите“, кои по шест одиграни натпревари се наоѓаат на третото место на табелата со 11 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар