18 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 30.08.2016

Дневен хороскоп 30.08.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Доволно сте енергични да ја спроведете својата волја и да оставите добар впечаток. Компромисот е можно да се оствари на заедничка радост. Умеете да го изненадите саканото лице во голем стил.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес е краен момент да направите подготовки за наредниот период. Од утре многу работи ќе се сменат и ќе почнат да се решаваат. Доколку сакате да го смените работното место или очекувате некоја промена во рамки на фирмата во која работите, денес ќе чуете глас кој ќе ве расположи.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денешниов ден ќе го поминете на вообичаен начин. Ќе бидете опуштени и смирени и во очекување на некои промени кои ви се ветени во изминатиот период. Денес е можен и помал прилив од некоја хонорарна работа.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Денес ќе забележите некоја напнатост кај колегите. Бидете внимателни и не се обидувајте да се објаснувате. Веќе од утре ситуацијата ќе се смени и ќе се докаже дека за многу работи сте биле во право. Ако имате сопствен бизнис, денес ќе завршите некој проект кој во иднина ќе ви донесе редовни финансии.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Финансиската ситуација ви е добра и денес можете да очекувате помал финансиски прилив. Ако сте вработени во некоја фирма, можно е да ви биде вратена некоја стара работа која била дадена на некој друг, но тој не можел да ја заврши. Партнерот се уште живее во минатото и ве обвинува поради нешто што било некогаш. Обидете се да не обрнувате внимание.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Веќе е краен момент да се ослободите од притисокот што го чувствувате . Свесни сте дека треба да свртите нов лист и да внесете промени кои ќе ви го подобрат животот. Денес на работното место една колешка ќе ви каже нешто што ќе ве освести и ќе ве натера да ја побарате вината кај себе.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ако сте вработени во некоја фирма, денес бидете смирени и не наседнувајте на провокации и озборувања. Вие сте свесни кој работи против вас, но обидете се да не реагирате. За вас е најдобро да ги игнорирате озборувањата и да се концентрирате на својата работа и на успесите што ви претстојат.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Имате добра интуиција и дозволете и да ве води во преземање на нови акции во врска со работата. После подолг тежок период ситуацијата почнува да се менува. Тоа нема да бидат некои значителни промени, но сепак се појавуваат некои знаци на подобрување.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес почнува разврската на се што сте планирале во изминатиот период. Енергијата ќе ви се зголеми и ќе добиете можност да се докажете. Доколку имате сопствен бизнис, можно е да склучите поволен договор со странство.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ако имате сопствен бизнис, денес верувајте и на интуицијата и започнете со нов проект. Тој проект ќе биде клучен за вашиот понатамошен успех. Доколку сте вработени во некоја фирма, можно е да добиете ново работно место кое ќе ви донесе и подобри приходи

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Доколку сте вработени како книговодител или имате работа со документи, денес бидете внимателни. Можни се грешки од невнимание, кои можат да ви направат понатамошни проблеми. Доколку сте невработени, денес е можно да отидете на интервју за работа. На интервјуто ќе бидете брилијантни и ќе се надминете себеси.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Денес ќе бидете малку нервозни. Потребна ви е брза акција и тоа ве измачува. Брзите реакции не се во вашата природа. Вие сакате работите да ги решавате полека и добро да размислите пред да почнете да дејствувате. Се работи за финансиска зделка која морате да ја реализирате за кратко време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП