3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУС Опен: Ѓоковиќ сигурен на стартот

УС Опен: Ѓоковиќ сигурен на стартот

gjogjo

Новак Ѓоковиќ со победа ја започна одбраната на титулата на последниот грен слем во сезоната, УС Опен.

Српскиот тенисер на стартот од турнирот, на теренот мина 157 минути и славеше над Јержи Јанович 3-1 (6-3, 5-7, 6-2, 6-1).

Ѓоковиќ мечот го заврши со 34 винери и 18 неизнудени грешки и успеа да реализира седум од 20-те брејј топки. Неговиот противник имаше 41 директен поен и дури 59 неизнудени гречким, а реализира само две од 13-те брејк топки.

Првиот носител на УС Опен, во второто коло ќе игра против Чехот Јиржи Весели кој одигра речиси четири часа против квалификантот од Индија Сакет Минени и со 3-1.

Весели оваа сеозна славеше над Ѓоковиќ во Монте Карло.

Покрај Ѓоковиќ од фаворитите првото коло без поголеми проблеми го минаа Надал, Раониќ, Чилиќ, Монфилс, Цонга, додека турнирот заврши за 13-от фаворит Ришар Гаске кој загуби од Британецот Кајл Едмунд со 0-3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП