27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканскиот регулатор му платил на „свиркач“ 3,75 милиони долари

Американскиот регулатор му платил на „свиркач“ 3,75 милиони долари

svirko

Американската комисија за хартии од вредност (SEC) му платила на таканаречениот „свиркач“ од австралиската рударска компанија „BHP Billiton“ 3,7 милиони американски долари за детални информации за наводното подмитување на азиски и африкански функционери, пишува во понеделникот списанието Australian Financial Review.

Повикувајќи се на правнички извори, весникот објавува дека ова е првпат некој вработен во австралиска компанија да добие парична награда, односно надомест, од САД поради откривање информации.

Компанијата „BHP Billiton“ минатата 2015 година се спогоди со американскиот регулатор SEC плаќајќи 25 милиони долари за решавање на обвинувањата дека го прекршила американскиот закон против митото со тоа, бидејќи правилно не ја надгледувала програмата во рамките на којашто за повеќе десетици странски државни функционери платил присуство на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.

Австралиските новини не објавија докази коишто на американските власти им ги доставил „свиркач“, бидејќи сакале да го заштитат неговиот идентитет.

„BHP Billiton“ соопшти во понеделникот дека во целост соработуваат со SEC, како и во истрагата на американското министерство за правда.

„Не сме свесни за вмешаност на кој и да е свиркач во истрагата на SEC или на министерството. Ја почитуваме и во целост ја поддржуваме заштитата за сите свиркачи и важноста од давање доверливи информации“, соопштија од компанијата.

„BHP Billiton“ е најголемата светска рударска компанија е истражувана за истото прашање и од страна на австралиската сојузна полиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП