7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов светски рекорд на Влодарчик

Нов светски рекорд на Влодарчик

rek vlodarcik333

Влодарчик пред нецели две недели на Олимписките игри во Рио де Жанеиро победи во дисциплината фрлање кладиво со нов светски рекорд (82,29 метри), кој го собори на митингот во Варшава.

Новиот светски рекорд на оваа 31-годишна полска атлетичарка сега изнесува 82,98 метри.

Влодарчик е единствената жена во историјата на атлетиката која кладивото успеала да го фрли на далачина поголема од 80 метри.

Новиот светски рекорд таа реши да му го посвети на сонародникот Томаш Мајевски кој реши да стави крај на кариерата.

„Ова е мојот подарок за Мајевски кој ја заврши кариерата“, рекла Влодарчик.

Мајевски е двократен олимписки шампион (Пекинг и Лондон) во фрлање ѓуле, тој во Рио го освои шестото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП