19 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 29.08.2016

Дневен хороскоп 29.08.2016

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Тешко ви е да се откажете од идејата која ја имат и ви се чини дека некој нема доволно разбирање за вашите емотивни потреби. Не потонувајте во меланхолично расположение. Важно е да се ослободите од грижите и да акумулирате позитивна енергија.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Во желба да остварите исклучителни резултати се согласувате на некоја импровизација. Понекогаш без поголем ризик нема ниту забележан успех. Покажете се дека имате добра деловна проценка и решение. Избегнувајте емотивни контрасти во реакциите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Подготвени сте на професионално докажување под различни услови. Обрнете им внимание на некои корисни информации кои ќе ви го олеснат патот до успехот. Сметајте на нечија поддршка кога се наоѓате во клучни ситуации.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Важно ви е да бидете забележани на различни страни и во таа смисла ги користите своите најсилни адути со кои располагате. Големите амбиции ви носат низа нови предности и позитивна доминација во однос на соработниците.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не сакате некој да ја менува вашата деловна ориентација или да управува со вашите планови. Потребно е детално да се информирате за своите можности, спојот на добрата интуиција и аналитичките проценки ви носат нов успех. Умеете да го остварите она што го сакате, без оглед на компликациите кои се појавуваат.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Јасно ви е дека во повеќето ситуации немате доволно влијание на развојот на случувањата. Побарајте нечија поддршка или добар совет, постојат решенија кои бараат нов компромис. Размената на идеи и тимската работа секогаш донесува подобри резултати.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Склони сте на претерано забележување на детали, но не е се онака како што претпоставувате. Неопходни ви се практични решенија, потрудете се да го забрзате својот деловен ритам и да завршите се што сте почнале. Барањата кои ги упатувате до вашиот партнер не се добро пречекани.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се можете да постигнете кога се наоѓате во центар на главните случувања. Успехот ви е на дофат на рака, направете се што е потребно да остварите професионален и личен максимум во различните правци. Понекогаш не се откажувате од емотивните намери.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Своето внимание насочете го на некои основни цели и обидете се да ги подобрите условите кои ви се неопходни за подобро деловно функционирање. Крајните резултати зависат од способноста правилно да се организирате.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Поучени од некои претходни искуства сега го менувате својот стил или деловна стратегија во однос на околината. Имате значителна предност во однос на своите соработници и ништо не му препуштате на случајот. Важно е да останете доследни во своите цели.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Важно е да имате деловна цел, но уште поважно е да го одредите вистинскиот начин или сретство кои ќе ви овозможат негова успешна реализација. Делумните решенија непотребно ве забавуваат и во вас поттикнуваат несигурност. Очекувате многу повеќе од она што ви го дава партнерот.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Вешто ги користите своите способности во различните ситуации и не се откажувате од своите визии. Успехот е на ваша страна, се додека имате јасна претстава за тоа што и колку сакате да остварите. Подготвени сте да направите се за вашиот партнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП