ИНТЕРЕСНО

Џенова победи Пандев не играше

genova35

Четири тима имаат максимален ефект по првите две кола во итaлијанската Серија А. Покрај шампионот Јувентус, по шест бода имаат уште Сасуоло, Сампдорија и Џенова.

Џенова, со пресврт, победи кај Кротоне (1-3), а репрезентативецот на Македонија, Горан Пандев, триумфот на својот тим го следеше од клупата за резерви.

Палермо, одигра 1-1 против Интер во Милано. Напаѓачот Илија Несторовски играше до 76-та минута, додека вториот Македонец во Палермо, Александар Трајковски поради повреда не е беше во составот.

Резултати, 2.коло Серија А:

Интер-Палермо 1:1

Каљари-Рома 2:2

Кротоне-Џенова 1:3

Фиорентина-Киево 1:0

Сампдорија-Аталанта 2:1

Сасуоло-Пескара 2:1

Торино-Болоња 5:1

Удинезе-Емполи 2:0

Лацио-Јувентус 0:1

Наполи-Милан 4:2

Табела: Џенова 6, Саусоло 6, Јувентус 6, Сампдорија 6, Рома 4, Наполи 4…