3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФ1: Розберг ја освои Големата награда на Белгија

Ф1: Розберг ја освои Големата награда на Белгија

розберг

Германскиот возач Нико Розберг од тимот на Мерцедес во неделата победи на трката од Светското првенство во Формула 1 за Големата награда на Белгија која се возеше на патеката Спа-Франкошамп.

Нико Розберг користејќи ја „пол позицијата“ од почетокот ја поведе трката и до крајот не го испушти во ниту еден момент водството остварувајќи ја шестата победа сезонава, а вкупно 20-та во кариерата, а воедно и прва во Белгија.

Со оваа победа Германецот го намали заостанувањето во вкупниот пласман зад колегата од Мерцедес, Луис Хамилтон на достижни девет бодови. Британецот, пак, трката ја заврши на третото место, иако поради казната пореди многуте измени на моторот трката ја започна од последното место.

Меѓу двајцата пилота на Мерцедес, се пласираше Австралиецот Даниел Рикардо во Ред Бул.

Трката на Спа-Франкошамп ја одбележа излетувањето на возачот на Рено, Кевин Магнусен, кој во полна брзина удри во заштитната ограда. Данскиот возач е пренесен во болница со повреда на глуждот, а имајќи предвид што остана на патеката од неговиот болид, се чини и одлично помина.

Следната недела на распоредот е 14-та од 21-та трка од оваа сезона во шампионатот на Формила 1,а ќе се вози на патеката Монца за Големата награда на Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП