27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAB InBev предупреди дека ќе отпушти илјадници луѓе поради договорот со SABMiller

AB InBev предупреди дека ќе отпушти илјадници луѓе поради договорот со SABMiller

abv miler

Белгиската компанија за пиво „Anheuser-Busch InBev“ предупреди дека нејзиното мега-соединување со „SABMiller“ може да доведе до губење на илјадници работни места во следните години, покажува документ поврзан со договорот.

Компанијата објави дека околу 3% од вкупната работна силна на обединетите компании ќе бидат отпуштени, но тоа ќе се случува постепено, во период од три години по завршување на спојувањето.

Извор, запознаен со деталите, тврди дека се очекува отпуштените да се околу 5.500.

„AB InBev“ тврди дека во моментов има околу 150.000 работници, додека оние на „SABMiller“ се околу 70.000. Во рамките на договорот „SABMiller“ ќе го продаде поголемиот дел од своите средства.

„AB InBev“ тврди дека во овие 3% не се вклучени вработените кои се занимаваат со продажба и дел од офис-менаџерите. Компанијата наведува дека немала можност да ги развие плановите за интеграцијата на работната сила за овие позиции поради регулаторните барања.

Минатиот месец „AB InBev“ објави дека продолжува со работа по завршувањето на договорот вреден 100 милијарди долари, оваа година.

Купувањето на „SABMiller“ нејзен ќе и даде пристап до брзо растечкиот пазар на пиво во Африка и ќе ја ограничи нејзината зависноста од САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП