ИНТЕРЕСНО

Габриел Барбоса и Жоао Марио во Интер

igrac inter3

Еден од најталентираните светски напаѓачи Габриел Барбоса и европскиот првак со Португалија Жоао Марио кариерите ќе ги продолжат во Интер, соопшти клубот од Милано.

Интер, потврди дека споменатите фудбалери допатувале во Милано, а по задолжителните лекарски прегледи ќе потпишат договори со клубот.

Новите сопственици на Интер, кинеската групација Суниг, за Барбоса и Жоао Марио, ќе издвојат околу 70 милиони евра.

Сантос за Барбоса ќе добие 25 милиони евра, додека Спортинг Лисабон од трансферот на Жоао Марио ќе заработи околу 45 милиони евра.