6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКулибали ги урна сништата на Шкендија

Кулибали ги урна сништата на Шкендија

кулибали

Шкендија не успеа да го мине Гент и да се пласира во фазата по групи во Лига Европа. Последниот македонски преставник во квалификациите, во ова натпреварување, во четвртокот, загуби на „Филип Втори“ од белгискиот тим 0-4.

Шкендија од Белгија донесе активен резултат (1-2), но пред своите симпатизери одигра лош натпревар, во најголемиот дел беше во подредена положба и на крајот доживеа убедлив пораз.

Гент, во првиот дел порпушти неколку шанси, но по првото полувреме немаше голови. Почетокот на крајот на Шкендија го најави најдобриот играч на Гент, Кулибали по еден час игра, кога со глава успеа да го совлада Захов. Истиот играч девет минути подоцна го постигна својот втор гол и ја најави елиминацијата на Шкендија.

До крајот на мечот Гент стигна до убедлив триумф, откако во интервал од пет минути, од 81-та до 86-та, голови постигнаа Пербет и Ренато Нето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП