8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристијано Роналдо најдобар во Европа

Кристијано Роналдо најдобар во Европа

_90932405_tv034008431

Кристијано Роналдо на гала свеченоста во Моне Карло, на која беа извлечени групите во Лигата на шампионите за престојната сезона е прогласен за најдобар играч во Европа, за сезоната 2015/2016. Покрај Роналдо во конкуренција беа уште неговиот соиграч од Реал Герет Бејл и напаѓачот на Атлетико Антоан Гризман.

„Ова беше неверојатна сезона. Нема да биде фер доколку не ги споменам и овие двајца сјајни фудбалери кои стојат до мене (Бејл и Гризман) и тие го заслужија трофејот, бидејќи и тие имаа одлична сезона“, рече Роналдо.

Португалецот за најдобар во Европа беше избран со гласовите на новинарите од 55 земји. Тој изминатата сезона ја освои Лигата на шампионите со Реал и европската титула со Португалија.

Гризман играше финале во ЛШ со Атлетико, а со Франција финале на ЕП. Беше најдобар стрелец и играч на ЕУРО 2016.

Бејл ја освои ЛШ со Реал, а со Велс стигна до полуфиналето на ЕП.

За најдобра фудбалерика во Европа, во минатата сезона, е избрана 21-годишната Норвежанка Ада Хегебергег која настапува за Олимпик Лион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП