26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Сити ја доби Барса, Атлетико повторно против Баерн

ЛШ: Сити ја доби Барса, Атлетико повторно против Баерн

пехар

УЕФА во Монте Карло, во четвртокот, ги извлече групите за Лигата на шампионите во сезоната 2016/2017. Актуелниот првак Реал одбраната на титулата ќе ја започне во Ф групата, во конкуренција на Дортмунд, Спортинг и Легија.

Жрепката во Монако беше немилосрдна за Пеп Гвардиола, кој со Манчестер Сити ќе игра против својот поранешен клуб Барселона. Овие два тима се во Ц групата која заедно со Д групата можат да го носат епитетот „група на смртта“.

Барса и Сити за ривали ги добија Менхенгладбах и Селтик, а во Д групата се Баерн, Атлетико, ПСВ и дебитантот Ростов.

Вториот дебитант Лестер доби група по мерка и е со реални шанси за пласман во осминафиналето. Лестер ќе игра против Порто, Бриж и Копенхаген.

Група А: ПСЖ, Арсенал, Базел, Лудогорец
Група Б: Бенфика, Наполи, Динамо Киев, Бешикташ
Група Ц: Барселона, Манчестер Сити, Борусија Менхенгладбах, Селтик
Група Д: Баерн, Атлетико Мадрид, ПСВ Ајндховен, Ростов
Група Е: ЦСКА Москва, Баер Леверкузен, Тотенхем, Монако
Група Ф: Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Спортинг Лисабон, Легија Варшава
Група Г: Лестер, Порто, Бриж, Копенхаген
Група Х: Јувентус, Севилја, Лион, Динамо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП